Неверојатен случај на убиство ја шокирал индиската држава Утар Прадеш, кога во градот Мирзапур еден мајмун во настап на бес убил едно лице, а повредил дури 250 луѓе.
Мајмунот Калуа му бил миленик на еден окултист кој го направил зависен од алкохол, давајќи му да пие жестоки пијалоци. Кога тој починал, Калуа престанал да пие алкохол и почнал да ги напаѓа минувачите по улицата.
Најмногу напаѓал жени и девојчиња, а десетина деца ќе мораат да одат на естетска операција, бидејќи мајмунот им ги растргнал лицата.
Тој е заловен и сместен во зоолошката градина Канпур каде што ќе го помине животот во заробеништво.
При прегледот, зоолозите откриле дека освен тоа што бил алкохоличар, Калуа одбивал да јаде зеленчук. Научниците веруваат дека окултистот го хранел со месо, што може да биде причина плус за неговиот бес.
Тој имал склоност да ги напаѓа женските чуварки на зоолошката градина, како и другите мајмуни ако се најдат со него во ист кафез. Па затоа, одлучено е да живее затворен во кафез до крајот на животот.