ВО НЕДЕЛА НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ НАДВОР БЕЗ… Делумно помрачување на сонцето започнува во 07:17 часот и експертите предупредуваат на оваа ОПАСНОСТ

popara18 јуни, 20201min00
POMRACUVANJE

Граѓаните ќе имаат можност да го набљудуваат делумното сончево помрачување во недела наутро, 21 јуни, соопштија Астрономските друштва.

Месечината ќе покрие само пет проценти од дијаметарот на Сонцето, затемнувањето започнува во 07.17 часот, максимумот ќе го достигне во 07,38 часот, а процесот ќезаврши во 07.59 часот. Вкупното времетраење на појавата е 42 минути.

За безбедност на очите, експертите советуваат дека овој слабо забележлив феномен треба да се набудува преку специјални очила за сонце, или преку заштитното стакло на машината за заварување.

Најбезбедно набудување е со телескоп кој има посебен филтер за Сонце, или ја проектира сликата на Сонцето на бело покритие.

Како што објаснија од Астрономското друштво, во своето движење околу Земјата, Месечината повремено го поклопува Сонцето, односно – сончево помрачување, но ако Месечината е далеку од Земјата, нејзиниот дијаметар не е доволно голем за целосно да го зафати Сонцето, па така настанува прстенестото помрачување на Сонцето.

Лента на површината на земјата, од која може да се види прстенестото затемнувањето, ќе се протега од централна Африка, преку јужна Арабија, северна Индија, јужна Кина до Тихиот океан.

Оваа лента е најширока во Индија, 21 километар, а „прстенот“ таму може да се набљудува 38 секунди. Надвор од оваа зона, како на север, така и на југ, затемнувањето на Сонцето е делумно, а Сонцето е помалку и помалку зафатено со оддалеченоста од него.

На глобално ниво, сончево затемнување започнува во 05.46 часот во Атлантикот и завршува во 11,34 часот на Пацификот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag