Fontainebleau е името на ренесансниот дворец сместен во долината на реката Лоара, на 55 километри од Париз. Ова монументално издание некогаш било скромна ловечка куќичка која по налог на кралот Фрањо I почнал да се реновира и доградува во почетокот на 16 век.
Процесот траел сè до 18 век, а имотот подоцна станал главна резиденција на француските кралеви- од Луј VII до Наполеон III.
Во дворецот има дури 1500 богато уредени соби со околу 40 000 парчиња мебел и стотина часовници.
Најпознатиот дел од замокот е Cour de l’Ovale (овална сала), како и галеријата на Фрањо I во која се наоѓаат дела на познатите сликарски имиња. Во времето на Фрањо I во галеријата се наоѓале многу познати уметнички слики, а посетителите на францускиот крал особено и се воодушевувале на Мона Лиза, која подоцна е преместена во музејот Лувр.
Замокот денес е претворен во уметнички музеј во кој има богата збирка на слики, таписерии, скулптури и слично. Иако станува збор за неверојатна градба во близина на главниот град, годишно ја посетуваат “само” половина милион туристи. За споредба, дворецот Versailles годишно го посетуваат 7,5 милиони патници од цел свет.
Дворецот е запишан во списокот на УНЕСКО за светско наследство во 1981 година.