Во неговите прегратки поминаа многу, а веќе 45 години е во брак со жената која му прости и неверство

25 август, 2020
Annotation 2020-08-25 164819

Шон Конери стана познат како првиот Џејмс Бонд, а глуми во дури седум филмови од познатата франшиза. До ден-денес, тој е познат како еден од најсексапилните мажи во светот.

Шон Конери денес го слави својот голем, 90-ти роденден, а овој легендарен актер освои бројни награди во текот на неговата завидна кариера, вклучувајќи Оскар, две награди BAFTA и три Златни глобуси. Тој е светски познат по улогата на Џејмс Бонд, а магазинот „People“ повеќепати го нарекуваа „најсекси маж на светот“ и „најсекси маж на векот“. Тој стана витез во 2000 година благодарение на неговата брилијантна кариера.

Конери е роден во Единбург, Шкотска, а уште од рана возраст бил познат како одличен шармер. Според некои медиуми, тој ја изгубил невиноста на 14-годишна возраст, со многу постара девојка. Се приклучи на британската морнарица на 16-годишна возраст, а беше отпуштен три години подоцна. После тоа работеше бројни работи,  возеше камион и такси, а исто така беше и спасител на англиските плажи.

Актерската кариера ја започна во 1951 година во театарот и не му требаше долго да се заинтригира од работата. Тој глумеше во бројни британски серии и филмови, а улогата што му го промени животот беше таа на тајниот агент Џејмс Бонд. Тој го одигра познатиот таен агент во првите пет продолженија и се врати во 1971 година и ја одигра таа улога во уште две продолженија на познатата франшиза.

Тој глумеше во бројни филмови на Хичкок, а голем број режисери истакнаа дека многу сакаат да работат со него. Во јуни 2006 година, ја доби наградата за животно дело од Американскиот филмски институт и потоа објави дека заминува во пензија колку што станува збор за глумата. Работеше како режисер на повеќе филмови и го даде својот глас во анимирани филмови, но никогаш повеќе не застана пред камерите.

Љубеше многу убавици, но една му го украде срцето

Љубеше многу убавици во текот на својата одлична кариера, а од самиот почеток беше познат како одличен заводник. Тој се запозна со Керол Сопел во средината на 50-тите години на минатиот век, но нејзиното семејство не ја дозволи врската. Набргу потоа, се најде во прегратките на Џулја Хамилтон, ќерка на режисерот за документарни филмови Џил Крејги. Хамилтон, наводно, не бил веднаш воодушевен од Шон, но кога го видела во килт, изјавила дека тој е најубавиот човек што го видел во животот.

Тој беше во врска со џез-музичарката Максин Даниелс, а после тоа беше оженет со актерката Дајан Клиенто од 1962 до 1973 година. Двојката има син, Џејсон Конери, а Дајан во својата автобиографија од 2006 година напиша дека славниот актер ментално и физички ја малтретирал во бракот. Подоцна, Конери ги отфрли сите обвиненија.

Тој е во брак со уметницата Мишелин Рокбрун од 1975 година. Иако тој јавно призна дека ја изневерил, нивниот брак преживеа до денес и покрај сè. Таа му прости сè, а парот сепак ужива во љубовта.

escort - Korsan taksi