Во знак на синото: дали сте слушнале за “Butterfly Tea”, леден чај кој цел свет го обожава?

29 август, 20200
чај

Одамна не се кренала толкава прашина како за “butterfly pea” чајот- пијалок кој цел свет го обожава.

Доколку сте љубители на зелениот чај, тогаш овој пијалок сигурно ќе ви се допадне.

Во целиот свет може да се најдат два вида од овој чај. Едниот се прави од тајландски орхидеи, а другиот од цвет од грашок.

И за едниот и за другиот се тврди дека имаат лековито дејство и дека се одлични за детоксикација на организмот.

Во традиционалната медицина овој чај се користи за намалување на стресот, анксиозноста и има благо седативно дејство.

Синиот мача чај има витамини Б, Д, К, Е и Ц, па не е чудно зошто е на менито на многумина.

Оосбено е популарен во летниот период бидејќи во ледена варијанта нуди големо освежување.

Особено ако во половина шолја чај додадете кисела вода и малку мраз.

Многу е интересен заради специфичната боја, па не поминало многу време откако на интернет се појавиле многу рецепти за јадења и коктели.

Во азиската кујна овој цвет се користи како задоволство, се става во брашно а потоа се пржи на кокосово масло.

Друга варијанта е желе или пудинг во кој освен млеко се додава и “butterfly pea”

Самиот чај може да се пие нормално или да се додаде малку млеко, како кај црниот чај. Некои додаваат и еспресо и на овој начин прават слатка варијанта на лате.

Многу луѓе ја обожаваат сината лимонада. Во веќе сварен и оладен чај се додава лимон. Освежително и здраво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi