Војна на милијардерите – Tesla против Google

5 јуни, 20200
2240861_untitled1_ls

Милијардерите Илон Маск и Џеф Безос завојуваа на Twitter, откако Маск оценил дека треба да се уништи компанијата Amazon која е во сопственост на Безос.

Реакцијата на Маск дошла по објавата на писателот Алекс Беренсон дека не му е дозволено на најголемата светска малопродажна платформа да ја објави својата нова книга за корона вирусот.

„Ова е лудост. Време е да се уништи Amazon. Монополите се погрешни“ – искоментирал Маск на Twitter и при тоа го тагирал сопственикот на Amazon Џеф Безос.

Amazon ја искоментирала објавата на Маск, но и соопштила дека блокирањето на Беренсовата книга било по грешка и дека таа сега е достапна за продажба преку Kindle.

„Одлуката дали треба книгата да се стави на продажба не е на Маск“ – рекле од Amazon.

Судејќи по фото пораката која Amazon му ја пратиле на Беренсон, компанијата го информирала писателот дека неговата книга не е во согласност со нивните стандарди за продажба.

Маск и Безос се вбројуваат меѓу најбогатите луѓе во Америка, но и во светот. Безос според листата на Форбс е најбогат човек на светот и неговиот имот се проценува на 113 милијарди долари, додека имотот на Маск е проценет на само 37 милијарди долари.

Основачот на Tesla и во минатото го има прозвано Безос, изјавувајќи дека сопственикот на Amazon касни зад него во изградбата на интернет сателитите и навел дека неговата компанија Star Link е основана 8 години подоцна од компанијата на Безос Blue Orange.

Ова не е првпат Маск да објавува спектакуларни изјави на Twitter. Последен пример за тоа бил на 1 мај кога објавил дека акциите во неговата компанија Tesla се превисоки.

Во текот на 2018 година американската Комисија за безбедност и размена го тужела Маск кога на Twitter порачал дека Tesla ќе ја претвори во приватна компанија кога нејзините акции ќе бидат 420 долари и дека веќе ги обезбедил средствата.

Маск и Tesla платија поединечни парични казни во износ од 20 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *