Уште во 1801 година, астрономите го открија првото тело во астероидниот појас(областа на Сончевиот систем помеѓу орбитите на Марс и Јупитер во која се движат околу 750.000 планетоиди со дијаметар поголем од 1 км и милиони помали). Тие му го дадоа името Церес (лат. и анг. Ceres), па веднаш беше класифициран како астероид. Двесте години подоцна, беше „преместен“ во џуџеста планета, бидејќи е многу поголема од другите астероиди.
Церес кружи околу Сонцето за 4,6 земјини години, додека се врти околу својата оска за девет часа. Иако најголемото тело во астероидниот појас, Церес има дијаметар од само 940 км.
Вселенското летало на НАСА „Зора“ пристигна на Церес во 2015 година. Пет години по започнувањето на мисијата, на Земјата пристигнаа нови фотографии од небесното тело, а благодарение на високата резолуција, откриени се детали кои укажуваат на вулкански ерупции од пред милион години, и вулкани кои се уште можат да бидат активни и денес.
Понатаму, научниците пронашле „џебови“ со вода, па тие шпекулираат за можноста дека имало некои форми на живот на оваа џуџеста планета.
Затоа, Церес е активно небесно тело!
Така, собрани се докази што го побиваат старото верување дека нема мали геолошки активности врз малите небесни тела, што е голем чекор за астрономите, односно за разбирање на потеклото на Сончевиот систем.