Синди Кимберли е девојка што ја поврзуваа со шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон, а пред него многу други познати личности паднаа заради убавината на оваа убавица.
Како тинејџерка го шекна Џастин Бибер, кој ја најде нејзината фотографија на Инстаграм и организираше „потера“ за неа.
Неговите фанови и го открија набрзо идентитетот.
Кимберли во тоа време работеше како дадилка, за да може да плати за своето образование, но во меѓувреме, таа се претвори во згоден модел и добро ја искористи славата која и ја донесе Џастин Бибер.
„На почетокот бев презаситена од емоции и не знаев како да се справам со популарноста. Сега, навикната сум на тоа. Сепак, мојот живот е сè уште нормален. Одам во средно училиште и сакам да учам уметност”, рече тогаш 17-годишната Синди, која денес успешен модел.
И тогаш во 2019 година шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон беше фатен во Барселона како се гушка со 14 години помладата Синди.
Двајцата не сакаа да ја потврдат врската и, како што одминуваше времето, папараците ги следеа, но не дознаа ништо.