Дознајте кои секс пози се најдобри за мажите кои не се многу надарени.
Пред да започнете со „акција“, погрижете се за предиграта. Некои мажи можеби сметаат дека не се толку „надарени“ колку што би сакале, а тука единственото решение е – усовршување на техниката во сексот. Покрај предиграта, задолжително послужете се со овие пози.
1. Доги стајл
Прво, ова е една од омилените пози на мажите, а второ оваа поза овозможува подлабока пенетрација, па жената ќе чувствува дека пенисот е поголем. Колку жената е повисоко со задникот, толку чувството ќе биде поинтензивно.
2. Зајачки уши
Во оваа поза жената легнува на грб, а нозете и` се подигнати така што колената ќе и` бидат во висина со ушите. Под задникот можете да ставите перница, бидејќи пенетрацијата тогаш ќе биде подобра. Мажот може да го стимулира клиторисот или брадавиците, што ќе допринесе за дополнително задоволство и незаборавен секс.
3. Змија
Додека лежите на стомак, стиснете ги нозете и подигнете го бавно задникот. И во оваа поза перницата е добро помагало, поради подобар агол и удобност. За уште поинтензивна пенетрација, партнерот нека ви ги стисне бедрата.
4. Жената е горе
Кога жената е горе, целиот притисок е на клиторисот. Исто така, оваа поза на пенисот му дава подобар пристап до Г-точката.