За нивната љубов зборуваше целиот свет: Го издржаа “тестот на времето” и без оглед на големата разлика во годините

popara21 јуни, 20202min00
Sophia Loren kissing husband Carlo Ponti, 1950s. Photo by Pierluigi Praturlon

Карло Понти за прв пат ја виде својата идна сопруга во 1950 година додека таа била судија на италијански натпревар наречен „Мiss Elenganza“. Иако, тој тогаш, бил во брак во тоа време и имал 37 години, а таа само 15 години, сепак станувало збор за љубов на прв поглед.

Овој филмски продуцент, кој има потпишано филмови како што е „Доктор Живаго“, е задолжен за почетокот на кариерата на Софија. Имено, благодарение на него, таа започнала да учи англиски и да глуми. Тој, исто така, договорил да го смени своето име во Софија Шикалоне и ѝ обезбедил низа филмски улоги.

Седум години подоцна, на 17 септември 1957 година, двојката ја официјализираше својата љубов. Карло веќе се раздели од својата прва сопруга, Џулијана, со која има син, славниот филмски продуцент поднесе барање за развод во Мексико и наскоро се ожени со Софија. Младенците направија прослава дома.

Следниот месец, Католичката црква го обвини Карло за бигамија и дека неговиот брак со Софија нема да биде признаен. По години и години минати по судови, обвинението беше повлечено. Парот немаше друг избор освен да го поништи бракот, како и што  стори во 1962 година.

Откако конечно постигнале договор со Џулијана, разочарани од Италија, тие се преселиле во Франција кадешто го добиле државјанство, што му овозможи на Карло легално да побара развод и да се прежени. Истата година, на 9ти април – убавата Софија и нејзиниот долгогодишен свршеник конечно се венчаа во општината во Париз.

И покрај огромната разлика во годините (22 години), нивната љубов го издржа тестот на времето. Парот има две деца, синовите Карло Јуниор и Едуард. Карло и Софија останаа во брак повеќе од 50 години, сè до неговата смрт, на 10 јануари 2007 година.

Две години по смртта на нејзиниот сопруг, на прашањето дали планира да се премажи, таа одговори: „Не, никогаш повеќе, невозможно е да се сака некој друг.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag