Џенифер Лопез и свршеникот наскоро добиваат принова?

3 јули, 20200
Annotation 2020-07-03 134246

Откако го одложија застанувањето пред олтарот

Пред пандемијата од корона вирусот, светот сакаше да ја види една од најисчекуваните венчавки на годината- венчавката на Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез. Но, како и сите настани во надоаѓачките месеци – венчавката е откажана. Иако се ‘шушкаше’ дека 50-годишничката размислува дали воопшто сака да застане пред олтарот, светските медиуми сега се распишаа дека таа и свршеникот, наместо венчавка, се одлучиле да имаат дете.  

Наиме, таблоидот Heat пишува дека Џенифер и Алекс, со оглед на тоа дека венчавката им е одложена, одлучиле тоа време да го искористат најдобро што можат, поточно, за принова. ‘Ќе одредат нов датум кога работите малку ќе се ‘смират”, вели изворот и додава дека и покрај одложувањето на венчавката, Џенифер и Алекс се сигурни дека остатокот од животот сакаат да го поминат заедно.  

‘Една од првите работи кои ги разговараа кога почнаа да се гледаат, беше токму за заедничките деца. Чувствуваат дека им треба вонтелесно оплодување. Со оглед на тоа што плановите за венчавката се ставени во втор план, сега е совршено време за проширување на семејството’, заклучува изворот.

Инаку, Џенифер неодамна призна дека срцето и е скршено поради одложувањето на венчавката.

‘Малку ми е жал за тоа бидејќи имавме големи планови, но знаете што? Бог има поголем план па едноставно мора да почекаме и да видиме’, рече пејачката тогаш и истакна дека се труди да верува дека се ќе биде подобро, кога за тоа ќе дојде време.  

View this post on Instagram

BTS @goldenglobes 🖤

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Да се потсетиме, Алекс кога ќе дојдат до олтарот ќе и биде четврти сопруг на една од омилените пејачки. Најпрво беше во брак со 45-годишниот глумец Ојани Ноа, а потоа со 50-годишниот Крис Џад. Третиот брак и беше најдолг, траеше десет години, со 50-годишниот пејач Марк Ентони, со кој ги има 11-годишните близнаци, ќерката Ема Марибел и синот Максимилијан Давид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi