Дамјан Стојаноски, наследникот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски, денес стана татко. Неговата сопруга Елена на свет го донесе нивното прво чедо – што се вели во народот – прво, па машко.
Убавата вест со јавноста ја споедели гордата баба Евица, инаку новинарка, која напиша дека од денеска има нова животна улога – баба.
Нека е жив и здрав наследникот и нека ја продолжи семејната музичка лоза.