Eдинствената жена која остана во животот на Ди Каприo 23 години a тие никогаш не биле во врска

16 април, 20200
Насловна

Британската актерка Кејт Винслет и холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо се запознаа уште во 1996 година на сетот на филмот „Титаник“ и денес се поврзани со нераскинливо пријателство.


Леонардо Ди Каприо често ги менува девојките, но не менува ниту една жена цели 23 години. Познатиот добитник на Оскар е познат по тоа што е голем љубител на жени, претежно долгоноги и русокоси модели, иако Камила Морон,  со која во моментот се заедно, е повеќе актерка од манекенка, и сепак е бринета, но се чини дека решил да се скраси со неа. Сепак, една жена е во животот на Лео веќе 23 години и не може да ја замени со ниедна. Станува збор за неговата колешка, исто така добитник на Оскар, Кејт Винслет, која ја запозна на сетот на еден од најпопуларните филмови на сите времиња, „Титаник“. Од 1996 година, актерите оттогаш развија блиско пријателство кое продолжува до ден-денес.

View this post on Instagram

#FBF ❤️ #katewinslet #leonardodicaprio

A post shared by Kate Winslet (@kate_elizabeth_winsslet) on


Кејт честопати во интервјуа истакнувала дека Леонардо и помогнал да се бори со ниската самодоверба додека го снимала филмот. Сцената на која Леонардо го црта нејзиниот гол портрет беше првата заедничка сцена што ја снимија во филмот. Кога Кејт дозна дека треба да се соблече пред него,на неа и било многу непријатно, но Лео и помогнал да има доверба во тој момент и така се развива нивното пријателство.

Во 2008 тие двајца повторно се најдоа во филмот “Патот на ослободувањето” во која глумат како брачна двојка. По снимањето Леонардо и подарил на Кејт прстен со врежани зборови кои остануваат мистерија која ја знаат само они двајца.

View this post on Instagram

Throwback to the cutest picture ever! @leonardodicaprio

A post shared by Kate Winslet (@kate_elizabeth_winsslet) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi