Свршеникот на Џенифер Лопез сака крај?

6 август, 20200
Annotation 2020-08-05 221516

 “Ми даде лажно ветување“ , тврди и додава: “Веќе не можам да ја поднесам оваа нејзина бизарна навика!”

Со оглед на тоа дека Џенифер Лопез сесрдно со месеци ја планирала венчавката со својот свршеник, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, а кое требаше да се одржи во Италија во септември оваа година, сите останати беа зачудени кога дознаа дека венчавката сепак е откажана. Пејачката објасни дека причина за тоа е корона вирусот, и додека тоа е целосно валидна причина за откажување на венчавката, факт е дека истите се одржуваат и понатаму, како меѓу славните така и меѓу обичните смртницу, но во различни услови и со помалку гости. Затоа многумина почнаа да се сомневаат дека нивниот однос е во криза, штом најави дека сепак нема да се омажи за Алекс. Сега некои тврдат дека корона вирусот е само изговор и дека Џенифер и Алекс всушност имаат караници. Колку и да изгледаат среќно и заљубено на фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи и со тоа имаат само пофални зборови еден за друг, нивните пријатели мислат дека односот сѐ повеќе им се нарушува како поминува времето. На Алекс наводно му пречи дека тоа што Џен постојано објавува разголени фотографии на инстаграм со тоа мисли дека гаи нездрава опседнатост со сопственото тело. Некои дури одат толку далеку што тврдат дека на нивната љубов дошло крај или во најдобар случај се размислуваат дали некогаш воопшто ќе се венчаат.

Проблематично е и тоа што Алекс е уште на почетокот од врската со Џен, кажа како сакал биолошки деца со неа, иако и двајцата имаат по две деца од поранешните бракови. Џен се сложи со тоа, но потоа го промени мислењето па така неодамна можевме да читаме дека дури размислува за тоа да ангажира сурогат мајка. Сето тоа многу го разочара Алекс, бидејќи смета дека нагло го промени своето мислење и дека му дала лажно ветување.

Некои медиуми дури пишуваат не само дека Алекс и Џенифер нема да се венчаат, дури и тоа дека се пред прекинување, што секако го поттикна фактот дека неодамна одличија да ја продадат вилата во Малибу, која ја купија пред две години. Застапниците на идејата дека Џен и Алекс прекинуваат дури претподтавуваат дека целта им е да се ослободат од сите заеднички недвижности како би ги поделиле парите и да се разделат на мир. Прашањето е што е вистина од сето ова. Но, факт е дека славните парови на инстаграм секогаш изгледаат среќно, а потоа одеднаш не шокираат со информација дека на нивната љубов сепак дошло крај. Погледнете го само бракот на Дорис Пинчич. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Борис беа еден од најкомпатибилен и најдолговечен пар на сцената, а неколку месеци откако се вселија во куќата за која од секогаш сонувале, се разделија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi