Џон и Сидни Мур кои се во доцните 70 години од својот живот, биле заедно примени и заедно отпуштени од болница. Тие се неразделни повеќе од 60 години.
Двојката која има седум внуци и три правнуци успеала да го победи коронавирусот.
Сè уште имаат кашлица и немаат доволно енергија, но можат да јадат и да пијат.
Џон и Сидни се презадоволни од грижата и негата која ја добивале во болница, а сестра од болницата рекла дека тоа што парот останал заедно и во болница, не дозволило да ги скрши.
Сега тие се дома и секојдневно добиваат пакети за нега од нивните деца.