Ако досега не сте слушнале за Gate Tower или не сте погледнале видео од оваа зграда, еве прилика да се уверите во чудесните способности на архитектите во Јапонија.
Gate Tower е зграда низ која поминува автопат, а зошто е тоа така, можете и да претпоставите. Не се работи за желба на сопственикот на зградата, ниту работа на Јапонците со голема фантазија, туку за спор кој пет години се води околу земјиштето.