Додека спиев ме посетија демони! Не можев да претпоставам дека …

3 август, 20200
парализа

Дали некогаш ви се случило да се разбудите среде ноќ исплашени, а да не сте во можност да се помрднете? Тоа се вика “парализа во сон”. Оваа состојба ја доживуваат околу 40 % од луѓето на планетата. Имате чувство дека некој ви седи на градите, ве притиска со целата тежина и ве дави.

Чувството е како да се будите, но не сте во состојба да се мрдате, зборувате или на било кој начин да реагирате. Имате чувство како да се гушите.

Кој не го доживеал ова ќе помисли дека е само една обична глупост. Но, оние кои го доживеале ова, мислат поинаку. Некои мислат дека биле посетени од демони. Некои, по ваква случка целосно се оддаваат кон религија, а некои ќе посетат психијатар. Сите кои го доживеале ова, сметаат дека е мистично искуство.

А сето тоа е заради тоа што парализата во сон е често пропратена со халуцинации и анксиозност. Многумина мислат дека покрај нив, уште некој има во собата, но повеќето тврдат дека го виделе ѓаволот како им седи на гради.

Но, што велат научниците?

Меѓу научниците моментално не постои единствено мислење.

Најверојатното и најпопуларно објаснување на овој феномен звучи вака:

Мозокот од необјаснети причини се буди делумно, а телото уште се наоѓа во состојба на атонија. Работат само очите.

Тоа е чудно однесување на нервниот систем.

Што да правите?

Важно е оној кој поминува низ оваа состојба да остане смирен. Нема причина за паника. Само треба да се почека околу 1 минута. За тоа време препорачливо е да се дише длабоко, колку што може подлабоко. И што е најважно- не и се спротивставувајте на оваа состојба. Ако се обидувате да излезете побрзо од оваа состојба- нападите на паника можат само да се засилат.

Вежбајте свесно дишење. Сконцентрирајте се на вдишувањето и издишувањето.

Но она што е најважно- не плашете се!

Оваа состојба по правило не трае подолго од 30 секунди. Во ретки случаи трае и до 2 минути. Од оваа парализа никој не умрел, ниту бил повреден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *