ЗАРЕМ Е МОЖНО?! ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА “WHATS APP”?!

popara10 јуни, 20201min00
app

Експерт од Индија за компјутерска безбедност открил дека најпопуларната апликација за разговори во светот им овозможува на телефонските броеви на своите корисници лесно да се пребаруваат преку Google. За овој пропуст на WhatsApp одговорна е опцијата на Facebook, Click to Chat.

Атул Џајарам, независен експерт за компјутерска безбедност, објаснува во својот блог каде се занимава со овој проблем, дека Google индексира броевите што потоа се достапни преку едноставно пребарување и дека досега „фатила“ меѓу 290.000 и 300.000 корисници на популарната Facebook апликација.

Патем, Click to Chat е услуга на WhatsApp која користи QR кодови за создавање URL, со кои корисниците можат да го споделат нивниот контакт број. Причината зошто броевите завршуваат во пребарувањето на Google е недостаток на команда што го спречува Google да индексира адреси создадени од WhatsApp.

На наводите од блогот на Атул Џајарам на Facebook во текст на веб-страницата „ Threatpost “ има одговор во кој се наведува дека го ценат извештајот и времето што експертот го поминал во контакт со нив, но дека проблемот не е толку значаен, бидејќи корисниците на WhatsApp, вклучително и компаниите, секогаш можат да блокираат несакани пораки и контакти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag