Заштедете пари според „Kakeibo“: Јапонски принцип на штедење пари стар 116 години

popara8 јуни, 20201min00
829566_f3d5825d-daec-4fda-9337-9b0de4d6597b_1664_1664

Многу е важно да бидеме свесни за своите можности поврзани со нашите финансии и секој ќе ви каже дека е добро да имате заштедени пари.

Kakeibo подразбира водење дневник во кој забележуваме се во врска со нашата финансијска ситуација. Во Јапонија, веќе постојат тетратки со посебен простор за запишување белешки, табели за рачунање и инспиративни цитати напишани од страна. Сè што ви треба е лист хартија и пенкало, како би ја примениле оваа метода, којашто првпат е спомената во 1904 година.

Многу е едноставно, а сè што треба да направите е на почетокот на месецот да седнете, да го отворите Kakeibo дневникот и да размислите каква ви е финансијската ситуација сега, а каква сакате да биде.

Во тоа ќе ви помогнат четири клучни прашања:

  • Колку пари имам на располагање? – Запишете на лист колку изнесува вашата плата и евентуалните други приходи, а колку расходите, односно данокот, киријата, ратите и израчунајте колкав е износот на расположливите средства коишто ви преостануваат.
  • Колку би сакал/а да заштедам? – Размислете за тоа колку би сакале да заштедите овој месец и запишете ја таа сума како пари кои не смеете да ги потрошите.
  • Колку трошам? – Секој има свој начин на живот кој подразбира различни трошоци. Многу е важно да бидете свесни колку пари ви одат на различни нешта и сето тоа забележете го.
  • Како можам да ги променам моите навики на подобро? – На крајот од секој месец проверете како напредувате и колку пари имате на располагање. Анализирајте на што ги трошите парите и дали ја остварувате вашата цел.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag