Застрашувачко откритие: Од овој дел од телото, вирусот може да се пренесе до 20 дена по закрепнувањето

popara30 април, 20202min00
корона

Очите исто така можат да бидат влезната точка на вирусот и извор на ширење на инфекцијата!

Корона вирусот Сарс-CoV-2 е откриен во тампон за око на пациент, иако вирусот повеќе не бил присутен во носот со денови, тврдат истражувачите.

Весникот за “Annals of internal medicine” објави дека 65-годишна жена, е првиот потврден случај на „Ковид-19“ во Италија, имала високо ниво на честички на заразен вирус во очите, долго откако инфекцијата се повлече од носот.

Поточно, жената пристигнала од Вухан на 23 јануари, а пет дена подоцна се развиле карактеристични симптоми на болеста – сува кашлица, болки во грлото и затнат нос и црвени очи.

Бидејќи црвенилото на нејзините очи не поминувало, здравствените работници зеле брис од окото кога откриле присуство на генетски материјал на новиот корона вирус. За да ја следат нејзината состојба, медицинските сестри продолжиле да земаат дневни примероци од очите кога било откриено дека вирусот постојано се шири, што укажува дека секретите на очите се заразни, се вели во извештајот.

– Откривме дека миењето на очите кај пациенти заразени со болест „Ковид-19“ може да го содржи вирусот и затоа може да биде потенцијален извор на инфекција – напишале авторите.

Она што ги загрижи многумина е фактот дека се регистрира вирус цели 20 дена секој ден.

За да се влошат работите, по 20 ден, вирусот исчезна и повторно се појави седум дена подоцна, велат истражувачите.

Истражувачите забележале дека вирусот бил присутен во секретите на очите подолго отколку што бил случајот со брисот што бил земен од носот. Затоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се провери колку долго вирусот во очите е активен и потенцијално заразен.

– Овие наоди ја потенцираат важноста да се следат советите на лекарите, да се избегне допирање на носот, устата и очите, како и честото миење на рацете – додаваат авторите на студијата.

Почнувајќи со брис земен од око на заразен пациент кој имал билатерален конјунктивитис, истражувачите биле во можност да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се репродуцира, не само во респираторните органи, туку и во окото, предизвикувајќи конјунктивитис.

Овој наод има важни импликации за општата здравствена состојба, а резултатот, кој го добија италијанските лекари, бил проследен до Светската здравствена организација.

Студијата потврди дека брисевите за очи може да бидат позитивни за инфекција со вирусот дури и ако нема повеќе видливи траги од вирусот на респираторните примероци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag