
Актерката Ева Лонгорија (45), ѕвездата на „Очајни домаќинки“, тренираше напорно во последните месеци за време на карантинот, па се пофали со одличен резултат.Ева за време на бременоста доби вишок килограми, а сега успеа да се врати на старо во рекордно време и покажа дека е повторно во топ форма.
Таа се породи пред две години, кога го роди својот син Сантијаго. Како последица на тоа доби вишок килограми, но карантинот и дојде добро, па вежбаше во импровизирана сала, во гаражата и во дворот и ги стопи килограмите.
Таа покажа дека брзо ја доведе својата линија до совршенство во селфито кое го објави од тренинг, позирајќи во жолт комплет, во кој и се гледа бицепсот и рамниот стомак”
-“Се чувствувам добро” – напиша таа, а нејзината пријателка Викторија Бекам го коментираше нејзиниот пост –“Изгледаш прекрасно! Те сакам.” – и рече таа.
Еве ги сликите:








