Од отровни каснувања од пајак до сообраќајни несреќи, сексот им нанел повреди и проблеми на многумина.
Што се случува во спалната соба останува во спалната соба – сè додека не завршите во просторијата за итни случаи, поради необични повреди здобиени за време на сексот. Од паѓање на чудни предмети до бизарни секс игри со лоши резултати, болничкиот персонал го видел сето тоа. На социјалната мрежа Редит, вработените ги откриле најнеобичните повреди добиени за време на сексот со кои се соочиле во нивните кариери, јавува mirror.co.uk.
Каснување од пајак
– Егзотичен, специјално нарачан пајак во задникот на еден човек. Тој повикал брза помош затоа што не знаел дали може да користи крем за убоди од инсекти, бидејќи пишувало „само за надворешна употреба“. За жал, моравме да отстраниме дел од цревата, преживеа, но носи вреќичка. Беше многу сериозно – напиша еден корисник.
Си забил молив
– Еден човек си забил молив во уретрата и тој се заглавли. Не можел да уринира, а кога го примивме, се пожали на задржување на урина. На крајот, кога докторот го прашал што се случило со гумената лента што се ѕиркала од пенисот, тој ја признал вистината. Заврши на операција. Тој имаше 70 години, доволно стар за да биде попаметен – гласеше уште една приказна.
Сам свој доктор
– Откако дознал дека неговата девојка никогаш не била со обрежан маж, тој решил сам да го направи обрежувањето. Експериментот заврши со тоа што беше пренесен во болницата за операција на пенисот – открил еден корисник.
Предизвикал несреќа
– Дојдовме до возилото кое имаше несреќа и видовме возач без пантолони, со кадифена играчка во скут. Тој имал секс со плишаната играчка и бил толку добар што изгубил контрола над автомобилот – открил еден корисник.
Заборавена болест
– Извадив седум големи моркови од задникот на еден човек. Не можеше да постигне ерекција, така што девојката се обидела да му ја стимулира простатата. Но, тој ја отстранил простатата пред седум години поради карцином – раскажа еден корисник.