За совршена игра во креветот потребни се многу работи, но покрај обостраната привлечност постојат ситни трикови кои ќе ви помогнат да ја разгорите атмосферата во креветот.
Некои едноставни движења на жената можат да го натераат мажот целосно да полуди. Погледнете ги овие конкретни сексуални потези на жената на кои ниту еден маж не може да одолее:
Гледајте го во очи за време на сексот
Доколку не се срами да ве гледа во очи, идеално е да му упатите дрзок, заводлив поглед и експлозијата од страсти е гарантирана.
Фокусирајте се на главната акција
Предиграта е во ред, но мажите ја сакаат главната акција, особено онаа во која жената ја презема иницијативата и преминува на главниот чин.
Не молчете за време на секс
На мажите им е навистина возбудливо кога жената кажува што таа сака и во што најмногу ужива. Уште ако им шепне на уво во текот на акцијата, тие би вриснале од задоволство.
Бидете иницијатор за жежок секс
Мажите обожаваат кога жената страсно и ненадејно презема иницијатива кажувајќи дека сака секс веднаш. После такво нешто не постои маж што би останал ладен.