Откако синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Велjко се ожени за поранешната кошаркарка Богдана Родиќ, нејзиниот роден Тител стана „центар на светот“, така што новинарските екипи често го посетуваат овој град во Бачка.
Она што го споделија српските медиуми е дека родителите на Богдана, Данијела и Богдан работат на белградските пазари, каде што продаваат кокошки.
Идните родители деновите ги поминуваат во нивната куќа, која ја добиле како подарок од семејството Родиќ. Нивната оаза на мир се наоѓа на видиковец од каде може да се види поглед на природните убавини. А куќата ја чуваат „тигрите“ на Велjко – кучињата што ги чува.
Семејството Ражнатовиќ не го напуштиле нивниот дом, така што новинарската екипа која била во посета не успеале да ги сретнат, но ја посетиле чаршијата и разговарале со локалното население. Љубезните соседи со задоволство прифатиле да зборуваат за Велjко и Богдана, за нејзините родители и сестри.
– Ги гледаме Велjко и Богдана. Тие се многу слатки. Тој не ја испушта од рака. Ме потсетуваат на мене и на мојата сопруга кога бевме млади. Така шмеќер бев и јас. Го гледате тој брод? Тоа е местото каде Богдана и нејзините сестри си играа. Сега тие се големи и сериозни девојки – раскажал еден локалец Мирко, кој не сакал да биде фотографиран.
Имало и такви кои биле среќни што позирале пред објективот на фотографот. Еден од нив е Миодраг Антиќ Бомба.
– Сега сите зборуваат за Тител. Слушнав дека Цеца била на славата „Ѓурѓовден“ кај пријателите. Тоа е навистина убаво. Всушност, сите знаат кога Цеца е во Тител, тогаш многумина одат пред куќата на Родиќ за да ја видат. Тоа е прекрасно семејство, за кое имам само зборови со пофалби – им раскажал Бомба на новинарите и покажал каде е центарот на Тител.
Другите соседи раскажуваат…
– Ова е центарот на нашето место. Погледнете оние две трафики? Велjко доаѓа тука скоро секој ден. Тој беше тука два месеци за време на вонредната состојба. Прекрасно момче – вели Бранко, а додава и Милош, инаку поранешен новинар.
– Богдана играше кошарка и одеше на натпревари во Зрењанин и Белград. За две години, девојките од Тител беа шампиони на Србија. Сега таа е семејна жена – вели Милош.
Нивниот пријател знае што би се случило ако Цеца прошета низ нивниот град.
– Ќе се соберат многу луѓе. На 28 август, градот Тител има слава. По тој повод се поставува сцена и пејачите доаѓаат да настапат. Убаво би било и Цеца да одржи концерт – смета Владимир.
Новинарите го посетиле и основното училиште во кое учела Богдана.
– Ја познавам Богдана, таа одеше во исти клас со мојата ќерка. Таа беше многу добар ученик. Таа потекнува од добро семејство. Би сакала да ве пуштам, но директорот не е тука, така што не можам – љубезно ги испратила жената која ја отворила вратата од училиштето. Само преку една улица од училиштето е родното место на мајката на Богдана. И таму чукнале на вратата, но никој не отворил.