Грешки кои го загрозуваат напредокот во кариерата: еве како не треба да изгледа деловна жена!

popara5 мај, 20201min00
жена

Модните трендови денес умеат да ја сокријат нашата природна убавина. Но, не е сè што гледате на модните писти применливо и за во канцеларија.

Еве неколку грешки кои можат да ви пречат во напредокот во кариерата.

Преизразен тен

Јасно е дека секој сака да има исончан тен и да не изгледа бледо. Но доколку се шетате по канцелариите со портокалов тен во текот на целата година, ќе ги нервирате колегите. На лицето можете да му дадете блага нијанса со помош на бронзер- неколку тонови посветол од вашиот природен тен, со премин во златно, а не во жолто.

Неприродни веѓи

Веѓите се во прв план на лицето. Откако станаа популарни, секоја жена црта бујни веѓи кои изгледаат страшно. На тој начин очите стануваат тешки и одбивни. Не го правете ова сами, туку одберете стручно лице кое ќе ги направи вашите веѓи природни и неодоливи.

Неуредна коса

Ова треба да биде на прво место на списокот. Неприродна фризура или нечиста коса ги одбиваат другите од вас, а доколку шефот ви е жена, дополнително треба да внимавате. Со неуредната коса оставате впечаток дека доколку не ви е грижа за сопствениот изглед, нема да се грижите ниту околу работата.

Неуредни раце и нокти

Неиздепилирани раце, како и предолги нокти изгледаат страшно. Ноктите треба да имаат уреден облик, а маникирот секогаш треба да изгледа свежо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma