Зошто и колку често го применуваат? Пет причини поради кои жените глумат оргазам

popara6 јуни, 20201min00
Mesmerize-zavodljivi-duo-1

Во негова корист – Најпопуларната и најчестата причина зошто жените лажат, ова специфично истражување, вклучува охрабрување во две поврзани подрачја: да му го зголемат егото на својот партнер и да му помогнат кога гледаат дека неговата “цел” е блиску.

Кога сакаат сексот да заврши побрзо – Кога сексот е досаден или не ги исполнува, жените мудро ја користат приликата да “лажираат” оргазам, сè со цел што побрзо да заврши.

Кога сакаат да го поправат целокупното искуство – Понекогаш го користат лажниот оргазам за да го мотивираат својот партнер.

За да ги поштедат неговите чуства – За поголемиот дел од жените, најдобриот начин за искажување интимност е галењето после сексот. Без оглед на тоа дали се подолго време со партнерот или се работи за прв пат, понекогаш лажирањето на оргазмот, може партнерот да го направи посреќен и позадоволен. Па, така по сексот нема да има никакви проблеми и двајцата ќе можат да уживаат во галењето.

За да ги избегнат сомнежите – Жените понекогаш знаат да се послужат со лажен оргазам за да ги прекријат трагите од неверство. Логично, ако сè уште има “огномет” во креветот, зошто таа би сакала да изневерува?