Зошто некои жени можат да доживеат оргазам самостојно, но не и со партнерот

popara28 јуни, 20202min00
Annotation 2020-06-28 215437

Подлабокото нурнување во психата може да открие неколку причини поради кои жената може да има проблем кога е во прашање постигнувањето на оргазам со партнерот, но нема проблем кога се самозадоволува.

Една од најнеблагодарните загатки во животот со која жените се соочуваат сигурно се оргазмите. Постои ли разлика помеѓу вагиналниот, клиторисниот и мешаниот оргазам, постои ли оргазам кој се постигнува само со помош на стимулација на брадавиците? Прашања има многу….

Делењето на ова задоволство со партнерот може да биде еротско искуство, а иако за некои чинот на секс како крајна цел нема постигнување на оргазам, туку чисто сензуално дружење, жените кои не можат да го постигнат понекогаш се збунети и фрустрирани, пренесува Poosh.

Но, има неколку причини поради кои жените може да имаат проблем кога е во прашање постигнувањето на оргазам со партнерот, но немаат проблем кога се самозадоволуваат, а некои од нив се:

Проблеми со довербата

Да им веруваш на луѓето не е секогаш лесно, дури и кога тоа го сакаш. Потребно е време за некој да се запознае, а и кога ќе се запознаете, треба време за да се развие доверба. На крајот, се се сведува на сигурноста, а ако не си сигурна каде ‘стоиш’ со партнерот или немаш доволно информации за него за да го знаеш одговорот на некои прашања, достигнувањето на потребната количина доверба може да се одолговлече.  

Ако во минатото си била повредена, предадена или изневерена, старите рани можат да ти ја уништат способноста за повторно верување. Воведувањето на друга личност во својата зона на сексуално уживање претставува ризик, физички, сексуално и емоционално, а кога е довербата во прашање, твоето тело можеби нема целосно да се опушти.

Проблеми со интимноста

За некои жени интимноста е лесна. Уживаат во неа, отворени се и ја бараат. Но, за други таа може да претставува чувство на гушење, анксиозност и губење на контрола. Делењето на било кој аспект од себе си не е лесен подвиг. Дозволувањето на самата себе да се замислуваш во соживот со друга личност за некои е неодоливо чувство, додека за други пак всушност тоа е честа препрека кога е во прашање оргазмот, вели докторката и сертифицирана сексуална терапевтка Кејт Балестриери за Poosh.

Сакаш ли да имаш контрола над многу работи?

Кога жената се бори со контролата, се бори со препуштањето. Можеби во минатото си се чувствувала немоќно или на некој начин си се чувствувала маргинализирано. Растењето во опкружување во кое контролата значела преживување, а предавството значело опасност и повреда, може да вгради страв од предавство кој го оневозможува опуштањето со партнерот.

За да доживее оргазам, човекот мора да биде подготвен да се препушти на контракциите, емоциите и уживањето. Тоа можеш лесно да го сториш кога си сама, знаеш како се движиш, и што ти се допаѓа, но кога тука има друга личност, партнер, на површината испливуваат непознатите варијабли, кои можат да те поттикнат на внатрешна потреба за иднина и контрола.

Недостаток на знаење за сексуслните вештини

Сексуалната наивност, односно недостаток на знаење за сексуалните вештини. Од тоа не треба да се срамите. Никој не се раѓа како секс-перт. Доколку се чувствуваш несигурно во врската, со тоа што сакаш или имаш парнер кој не е толку јасен кога е во прашање сексот, многу е едноставен начинот на кој можеш тоа да го поправиш.

Секое тело е различно, но за жал едукасцијата на оваа тема не е секогаш достапна.Понекогаш луѓето добиваат многу мали знаци за она што го прави среќен партнерот, но по некое време тие се откажуваат.Клучно е дека доколку не си сигурна што сака твојот партнер- прашај го. Многу е важна комуникацијата.

Чувствуваш одредена доза на срам поради темата секс

Не треба да се срамиме од сексот. Но без разлика на тоа, многу луѓе, посебно жени, во текот на животот мислат дека сексот и секси изгледот се срамота. Таа порака на жените многу го отежнуваат начинот на поврзување со својата сексуалност поради тоа што мислат дека ќе биде лошо или се чувствуваат валкано. Често срамот може да биде вграден во женскиот сексуален идентитет. Ако е тоа случај, самозадоволувањето често не прави проблем бидејќи жената е сама, но кога во еден момент ќе се спомене партнер, друга личност, уште еден пар очи кои за момент ќе ви се видат како иљадници, можат да го разбудат срамот, а тоа може да доведе до расправија, и проблеми во врската, која може да се реши само со искрена комуникација- пренесува Poosh.

Траума од минатото

Кога некој доживеал траума, последиците можат да бидат кратки или долготрајни. Траумата за која одбиваш да размислуваш и не сакаш да разговараш за неа може да резултира со некои од погоре споменатите проблеми, како потешкотии со ранливоста, интимноста и довербата, особено ако траумата била сексуална или поврзана со предавство.Одбивање за соочување со траумата може да доведе до меѓучовечки дисоцијации, страв и ниска самопочит, а сето тоа може да спречи оргазам.Многу жени со трауми од минатото се чувствуваат како одвоени од своето тело, што исто така може да го отежне целосното задоволство за време на сексот, вели Балестриери.

Анксиозност поврзана со изгледот или обликот на телото

Лоша слика за себе или лоша слика поврзана за сопственото тело може да пречи на сексуалното искуство на било која жена со партнерот. Загриженоста поврзана со изгледот, без оглед дали недостатоците се вистински или измислени, може да биде гласна во главата на жената кога во истата соба е присутна и друга личнист, особено онаа која ѝ се допаѓа.

Важно е да запомниш дека не си сама, која и причина за непостигнувањето на оргазам да е поврзана со тебе, не е важно. Не си сама и постојат многу начини да стапиш во контакт со својата сексуалност на друг начин. Работа со сексуален терапевт или тренер на сексуалното здравје може да биде сјаен почеток на помошта за разбирање на твоите умни и телесни поврзаности, заклучи Балестриери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag