Објаснија зошто незнајковците секогаш мислат дека се најпаметни. Тоа е оној човек кој не сака да чита, но знае дека климатските промени се измама, или на секој аргумент одмавнува со рака со неколку патронзирачки фрази- сите знаеме барем по еден таков.
Можно е со таков човек да сте се соочиле на работа, додека се дружите со пријателите, или во текот на празничен ручек со роднините. Некој кој знае многу малку на некоја тема, а тврди дека знае многу. Таквата личност за себе може да мисли дури дека е и стручњак.
Научниците велат дека овој феномен има и свое име- Данинг Кругеров ефект. Не станува збор за болест,синдром или ментално нарушување. Присутен е до одредена мера кај сите и тоа уште откако се развил човечкиот ум. Но социјалната психологија го проучува и документира во последните години.
Попаметен си ако мислисш дека знаеш се
Дејвид Данинг и Џастин Кругер во својот труд од 1999 година во списанието Journal of Personality and Social Psychology ги претставиле резултатите од своето истражување на она што на филозофите им било познато уште откако Сократ наводно кажал дека “единствена вистинска мудрост е да знаеш дека ништо не знаеш”.
Чарлс Дарвин истото тоа го дигнал на ново ниво во 1871 кажувајќи дека “незнаењето честопати доведува до самоувереност, многу повеќе отколку знаењето” .
Накратко, недораснатите луѓе мислат дека знаат повеќе отколку што навистина знаат и склони се кон пофалби на своето знаење. .
За да ја испитаат теоријата, научниците испитувале луѓе во неколку области: граматика, логично размислување и хумор. По секој тест судиите на истражувањето ги прашувале луѓето за мислење како поминале на тестирањата и кое е нивното мислење во однос на другите испитаници.
Данинг бил шокиран од резултатите, бидејќи тие само ја потврдиле неговата хипотеза. Еден по друг, без разлика на областа, оние кои на тестот поминале лошо, ја оцениле повисоко својата компетентност.
Незнаењето доаѓа во комбинација со гордоста
Во просек, оние кои биле во најдолната десетина на успешност, за себе кажале дека имаат впечаток дека по успешност биле рангирани на 70 проценти. Оние кои најмалку знаеле за што зборуват, верувале дека по знаење се во рангот на стручњаци. Данинг и Кругер ги повториле резултатите најмалку во уште десетина области- во математика, познавање на вина, шах, хирургија и лов.
Пребарувањето на изразот “данинг кругер” на интернет го достигнува својот врв во 2017 година, во периодот на инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп и оттогаш останува на тоа ниво.
Данинг- Кругер “објаснува еден вид на гордост”, кажал Стивен Слоумен, когнитивен психолог од Универзитетот Браун. Слоумен смета дека Данинг –Кругеровиот ефект станал популарен и надвор од научниот свет затоа што тој едноставен феномен може да се забележи кај сите нас.