Две парчиња леб, месо, домат, кромид… Кога ќе ја погледнете листата на состојки за бургер, се чини дека работите не можат да бидат поедноставни, нели? Овде нема наука, би помислиле. Но, би се излажале …
Состојки:
750 гр мелено говедско месо
две лажички сол
лажичка мелен пипер
половина лажичка мелен пипер
лажица маслиново масло
150 гр горгонѕола
лепчиња
црвен кромид
домат
зелена салата
кечап, мајонез
сол, бибер
Подготовка:
Измешајте мелено говедско месо, сол, бибер, мелен пипер и една лажица маслиново масло. Сè убаво соединете, па со рацете формирајте плескавици. Месото се пече на скара или во грил тава додека не добие убава боја од двете страни. Исечете ги лепчињата на половина, па загрејте ги кратко во рерна. Потоа премачкајте ги со кечап, мајонез или намаз по избор, одозгора наредете листови зелена салата, домат и карамелизиран црвен кромид (динстајте покриено на тивок оган додека течноста не испари). Над него се ставаат плескавиците, а врз нив изронета горгонѕола. Преклопете ги лепчињата и послужете веднаш.
Пријатно!