Забавениот метаболизам предизвикува проблеми кај се повеќе луѓе
Го успорува нередовната и нездрава исхрана, како и пасивниот начин на живот, а иако ниту еден пијалок не е магичен сам по себе, со мали промени во навиките, овој чај може да ви помогне да согорите повеќе калории.
Се што ви е потребно за да направите пијалок кој ќе го „разбуди“ вашиот метаболизам се зелен чај, цимет и ловоров лист. Сите три состојки се здрави, го забрзуваат метаболизмот и согорувањето на мастите, но бремените и доилките не треба да го пијат.
Докажано е дека циметот помага при слабеење, а истражувањата покажале дека само една четвртина од стапчињата цимет дневно може да помогне во топењето на килограмите со тоа што го намалуваат нивото на шеќер во крвта и помагаат во обработката на јаглехидратите во телото.
Во едно истражување, мажите кои вежбале и дополнително консумирале зелен чај согорувале 17 отсто повеќе масти од оние кои не го пиеле овој пијалок.
Последната состојка во чајот, ловоровиот лист, ја намалува желбата за храна и на тој начин помага за слабеењето.
Состојки:
Две кесички зелен чај
Стапче цимет
Три ловорови листа
800 милилитри вода
Подготовка:
Прво ставете ја водата да зоврие, тргнете ја од оган и додадете ги сите состојки. Се остава да отстои околу 15 минути, се цеди и се остава чајот да се излади.
За да го забрзате метаболизмот, најдобро е да го пиете пијалокот наутро, веднаш по будењето. Втората шолја чај испијте ја веднаш по појадокот, а третата после ручекот.