Германски експерт: Омикрон настанал кај пациент со ХИВ

29 ноември, 20210
Screenshot_10

Вацл вели дека тоа е замисливо и веројатно, бидејќи веќе има истражувања за други случаи кои го докажуваат тоа

 

 

Изненадувачки голем број мутации во новиот корона вид на вирусот Омикрон можел да се случи кај еден пациент кој боледува од имунодефициенција, на пример ХИВ, тврди генералниот секретар на Германското имунолошко друштво, Карстен Вацл.

 

Вацл вели дека тоа е замисливо и веројатно, бидејќи веќе има истражувања за други случаи кои го докажуваат тоа.

 

Многу пациенти со ХИВ во Африка, каде што се претпоставува дека „се појавил омикрон“, не се соодветно третирани, па нивниот имунолошки систем е значително ослабен, објасни тој за агенцијата ДПА.

 

– Кај луѓето со ослабен имунолошки систем вирусот може да се размножува со недели, при што може да се појават изолирани мутации кои не носат никаква корист за вирусот, но можат да продолжат да се размножуваат бидејќи имунолошкиот систем не може да ги контролира – објасни понатаму германскиот експерт. .

 

Според него, на тој начин може да настанат дополнителни мутации кои во комбинација би донеле придобивки за вирусот.

 

Пратеникот на СПД, здравствениот експерт Карл Лаутербах, исто така во петокот рече дека бројните мутации во Омикрон укажуваат на појава кај пациенти со ХИВ.

 

Омикрон, во споредба со оригиналниот сој произведен во кинескиот Вухан, содржи невообичаено висока бројка, односно околу 30 промени на аминокиселините само на протеинскиот дел.

 

Меѓу нив има мутации за кои веќе е познато дека придонесуваат за поголемо ширење.

 

– Иако веќе ги знаеме ефектите на поединечни мутации од други соеви, не можеме да процениме какви ефекти би можела да има нивната комбинација – вели Вацл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi