Да, и храната може да ве ЗАГРЕЕ: Пет намирници кои создаваат најмногу топлина во телото

1 декември, 20210
Banane-i-djumbir-2048x1365

Одредени видови храна го стимулираат процесот на термогенеза во организмот

Кога зборуваме за корисни својства на одредени видови храна, речиси секогаш забораваме една многу важна работа: одредени намирници го стимулираат процесот на терморегулација во организмот.

А тоа е особено важно во текот на зимата, кога често се мачиме да се загрееме.

Препорачливо е во текот на зимата да се јаде храна богата со здрави масти, протеини и јаглехидрати, односно сложена храна која малку подолго се обработува во организмот.

Таквата храна најчесто се вари подолго, што го поттикнува процесот на термогенеза, односно создавање топлина во телото.

Банани

Ова овошје содржи големи количини на витамини од групата Б и магнезиум, кои се важни за нормално функционирање на штитната жлезда и надбубрежните жлезди, кои учествуваат во терморегулацијата. Покрај тоа, ќе ви ја подобрат меморијата и расположението и ќе ви помогнат полесно да заспиете.

Ѓумбир

Коренот на ова растение е еден од најздравите дарови на природата, а една од предностите на ѓумбирот е тоа што ја поттикнува термогенезата. Освен тоа има и дијафоретично дејство, што значи дека му помага на телото да се загрее одвнатре и да го поттикне потењето.

Овесна каша

Започнете го студениот зимски ден со каша за да се загреете за почеток на новиот работен ден. Оваа житарка е одличен извор на влакна, благотворно делува на луѓето кои имаат висок холестерол и овозможува чувство на ситост.

Кафе

Кофеинот може да има многу предности, а една од нив е тоа што го забрзува метаболизмот и на тој начин ја зголемува телесната температура. Верувале или не, леденото кафе е уште поефикасно бидејќи има повеќе кофеин. Секако, во декември ќе претпочитате да се свртите кон жешко или топло кафе, што значително ќе помогне во загревањето на телото.

Црвено месо

Јагнешкото, свинското и говедското се одлични извори на железо, минерал кој носи кислород низ телото, а луѓето со недостаток на железо често имаат ладни раце и нозе или лесно се уморуваат. Значи, повеќе железо значи потопло тело. Покрај тоа, црвеното месо е богато со витамин Б12, кој придонесува за здравјето на нервниот систем и го зајакнува имунитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi