ДОКОЛКУ САКАТЕ МАСЛИНКИ, ОВА Е ВИСТИНСКАТА ДИЕТА ЗА ВАС! Здрава и вкусна, а килограмите исчезнуваат БРЗО!

popara23 ноември, 20211min00
2716779_masline-1_ls

Ако сакате да го подмладите вашето тело, да го подобрите вашето здравје и да ја намалите телесната тежина, обидете се оваа диета.

 

Веруваме дека на повеќето им е познато колку се здрави маслинките и маслиновото масло . Маслинките се богати со влакна, амино киселини, калциум, цинк, фосфор, бакар, селен, железо, витамини Б, Ц, Е и Р. Во 100 грама зрели маслинки има околу 6,3 отсто јаглехидрати, 0,8 проценти протеини и 10, 7 отсто маснотии. Затоа, не е чудно што лекарите често препорачуваат консумирање на 10-12 маслинки пред појадок, како превенција на сите болести.

 

Секојдневното консумирање на маслинки ја намалува можноста за покачено ниво на холестерол, вклучувајќи го и развојот на кардиоваскуларните болести, а се многу добри и за варењето на храната, и на тој начин го намалуваат ризикот од гастроинтестинални заболувања. Сепак, по застапеноста на витамини во маслинките, на прво место е витаминот Е, кој заедно со големи количини на други антиоксиданси може да ги неутрализира штетните токсини во телото. Исто така, овозможува побрза регенерација на клетките на телото, особено на оние кои влијаат на стареењето. Затоа не е чудно што  маслиновото масло често се користи во козметичката индустрија, особено онаа која е наменета за подмладување на кожата и анти-стареењето на клетките на кожата . Маслиновото масло помага во излачувањето на жолчката, со што  се овозможува нормално варење и апсорпција на хранливите состојки. Богатство на минерали, пак, е многу важно за функцијата на бубрезите, црниот дроб, кои се многу важни за исфрлување на штетните токсини од телото, а сето тоа  придонесува за подобро здравје на краток рок, но и на долг рок.

 

Но, да и се вратиме на исхраната со маслинки, која во суштина е уште една од многуте диети за детоксикација, кои се користат со цел во краток рок да се исчисти  телото, но не смее да трае повеќе од пет дена

 

Всушност, тие можат да направат многу бенефиции за телото, но бидејќи  не содржат доволно хранливи состојки, кај долгорочната примена може да му наштети на здравјето на организмот. По нејзиното спроведување, се препорачува здрава и балансирана исхрана, а не враќање на старите нездрави навики, бидејќи тоа може да доведе до уште поголемо зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, ако сакате да се обидете со оваа диета, треба да се биде фан на маслинки, особено зелените.

 

Мени

 

Појадок и вечера:

 

Мешана салата: 40 гр. рукола, е 40 гр. зелена салата, 2 големи свежи краставици, 40 гр. зелени маслинки, 1 зелена пиперка, 1 домат, индиски ореви, босилек, малку балсамов оцет, маслиново масл. Солта не е потребна поради маслинките, но ако не можете без неа, тогаш ставете сосема малку морска сол.

 

За ручек и вечера, јадете зелени и црни маслинки, но тие мора да бидат сецкани. Исто така, не заборавајте дека црните маслинки имаат повеќе калории отколку зелените, па затоа, за подобар ефект на диетата се препорачува консумирање на зелени маслинки.

 

Помеѓу оброците, треба да пиете многу негазирана, обична или минерална вода. Во текот на денот не треба да консумирате повеќе од три лажици маслиново масло. Во текот на денот, вкупно смеете да  изедете од 30 до 50 грама бадеми, ореви, лешници, индиски ореви, а најдобро време е во текот на утрото.

 

За ручек, јадете интегрални житарици: кафеав ориз, овес, јачмен, хељда, леб од цели зрна. Житарките  варете ги или подготвувајте во форма на каша. Рибата е дозволена, но во мали количини (околу 150 гр.) направена на скара. Исто така, дозволени се млечни производи, како на пример јогурт, кефир, млеко со ниско ниво на масти, но и исто така и во ограничени количини. На пример, еден од 200 мл јогурт или чаша млеко или исто толку кефир. Не смее да консумирате било какво друго масло, освен маслиново масло.

 

Ефекти на диетата се

 

На крајот на диетата, не само што ќе ја намалите телесната тежина, туку ќе забележите дека кожата ви станала еластична. Тоа се случи бидејќи масни киселини кои ги содржат маслинките, го нормализираат метаболизмот и  го стимулираат согорувањето на телесните масти, но исто така, го регулираат формирањето на липидите на кожата.

 

Диетата  може да ја спроведуваат здрави луѓе и луѓето кои имаат проблеми со зголемен холестерол во крвта. Ако имате било какви други здравствени проблеми или грижи, ве молиме консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma