Единствената војводка која смее да носи таков фустан – Меган Маркл во издание спротивно на кралските модни правила

12 ноември, 20210
Screenshot_8

Принцот Хари и војвотката Меган Маркл се појавија заедно на црвениот тепих по повод Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Велика Британија. Ова е прво појавување на брачниот пар на црвениот тепих, по официјалното повлекување од кралското семејство.

Принцот Хари за оваа пригода избра класичен црн костум, украсен со војнички амблеми и црна машна. Сепак, тој не е оној кој со својот стајлинг го остави светот без здив.

Неговата сопруга и војвотката Меган Маркл се појавија во бајковит црвен фустан кој никого не остави рамнодушен.

Спротивно на кралските строги модни правила, на кои сега не подлежи нејзината облека, Меган се одлучи за фустан со длабоко деколте и шлиц до колена, додека зад неа се влечеше во кралски стил.

Полусандалите „Џузепе Заноти“ со отворена потпетица се во нијанса на вишни, а копчето е украсено со кристали, па може да се заклучи дека целиот стајлинг е во најнова мода.

Војвотката ја подигна косата во елегантна пунџа и на тој начин ги истакна обетките, а од останатиот накит носеше прстен и две алки.

Иако целиот свет е воодушевен од нејзиниот стајлинг, сепак сите се прашуваат каков е коментарот на кралицата за овој храбар и по малку бунтовнички стајлинг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi