Едноставно и ефикасно: Еве како да ги исчистите површините од нерѓосувачки челик

23 ноември, 20210
563104_shutterstock-1934410874_f

Нерѓосувачкиот челик е и елегантен и издржлив, па често можеме да го видиме во кујните и другите простории во нашиот дом.

Сепак, покажува прсти и прашина, па затоа треба редовно чистење за да биде сјаен и убав.

Пред да започнете со чистење, треба да имате на ум неколку работи:

– Проверете ги упатствата за употреба. Компанијата што го направила предметот најдобро знае како најдобро да го исчисти.

– Важно е да користите мека крпа и да избегнувате силни, абразивни хемикалии. Амонијак, белило и слични средства за чистење може да го оштетат нерѓосувачкиот челик.

– Користењето детергент за миење садови е брз, лесен и најдобар метод за валкани садови, но и за нерѓосувачки челик од кој треба да се отстранат трагите од маснотии или остатоци од храна.

– Потопете ги садовите од нерѓосувачки челик во вода со детергент најмалку пет минути. Потоа избришете ги површините со крпа од микрофибер за да избегнете гребнатини или оштетувања.

– Оцетот може да ги отстрани мрсните отпечатоци од прсти и дамките од храна на апаратите и приборот од нерѓосувачки челик. Оцетот е целосно природен, не абразивен и делува како ефикасно средство за дезинфекција. Измешајте еднакви количини вода и оцет, а потоа испрскајте ги челичните предмети што сакате да ги исчистите. Избришете сè со мека крпа. Нема потреба премногу да се трие бидејќи оцетот ќе ги омекне мастите.

Намокрете друга крпа со вода и нанесете неколку капки течност за миење садови, која ќе ги отстрани киселинските остатоци што ги остава оцетот. На крајот, на трета мека крпа нанесете мала количина маслиново масло и последен пат избришете го нерѓосувачкиот челик.

За полирање се препорачува кисела вода – попрскајте ги површините што сакате да ги полирате со кисела вода и истријте ги со мека крпа.

Општо земено, не’рѓосувачкиот челик може да се исчисти со сапун и вода, за предмети кои се премногу големи за да се сместат во мијалникот – или не се водоотпорни – за чистење може да се користи шише со распрскувач полно со топла вода со сапуница и крпа од микрофибер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *