ЗАБОРАВЕТЕ НА БАЛСАМОТ; Еве кој производ ќе ѝ помогне на вашата коса да блесне!

3 декември, 20210
Screenshot_1

Експертите советуваат балсамот за коса да се замени со маска

 

Иако можеби сте убедени дека не можете без балсами за коса, експертите го велат спротивното.

 

За магазинот Glamour, Хоган истакна дека на своите клиенти им советува да не купуваат регенератори, туку да користат хранлива маска за коса секогаш кога ќе се мијат.

 

„Маската има значително поактивни состојки кои ѝ се потребни на вашата коса, особено ако е хемиски третирана, долга коса. Колку е подолга косата, толку е постара и бара подетална нега“, објасни Хоган.

 

Тој додаде дека по миењето со шампон и плакнењето треба лесно да ја исушите косата со крпа и дури потоа да нанесете маска на неа, во правец од средината кон врвовите. Откако ќе го направите тоа, Хоган истакнува дека никогаш не треба да заборавите да ја исчешлате косата, бидејќи само така правилно ќе се распореди маската.

 

Според упатството на пакувањето на производот, оставете го да делува одреден број минути, а потоа темелно исплакнете ја косата.

 

Првото нешто што треба да направите е да пронајдете маска што одговара на вашиот тип на коса и да не претерувате со количината на производот, за да не ѝ дадете непотребна тежина на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi