Започнете го денот на вистински начин: Кои НАМИРНИЦИ не треба да се јадат за ПОЈАДОК?

18 декември, 20210
48daa90c56d8b6e0f53e01636c4e8583a13df407

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го уништат.

Ова се најчестите намирници кои се јадат како прв оброк, а треба да се избегнуваат бидејќи телото нема да го добие она што му е потребно за да го започне денот.

Пецива

Наједноставно решение за појадок, особено за оние кои се на работа и немаат време да се хранат здраво, се различните пецива од пекарата. Сепак, печивата не се добри за нашиот организам бидејќи тогаш внесуваме многу адитиви, бело брашно, сол, шеќер и масти кои не ни се потребни, а не ги внесуваме нутритивните вредности кои се неопходни.

Овошни сокови и овошни јогурти

Без разлика на натписите на амбалажата, купените сокови се полни со шеќер и не треба да го започнувате денот со нив, а исто е и со овошните јогурти, како и со оние со помалку млечни масти. Експертите тврдат дека млечните производи со малку маснотии не содржат доволно протеини и затоа гладот ​​побрзо ќе се почувствува.

Обилен појадок

Класичниот појадок вклучува пржени јајца, виршли, сувомеснати производи, сирења и слична храна. Меѓутоа, големите количества на масти од толку калоричен појадок не се здрави и ќе завршат таму каде што не сакате – а тоа е во масното ткиво. Исто така, телото нема да ги добие потребните витамини, минерали и влакна. Затоа, доколку сакате јајца за појадок, најдобро би било да ги сварите и да ги комбинирате со тост и чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi