
Нема да верувате за што се можете да користите омекнувач покрај перењето алишта
Покрај тоа, можете да го користите омекнувачот на следниов начин:
- Прозорци
Измешајте го омекнувачот во празно шише со вода, во сооднос 1:4, нанесете го производот на крпа и исчистете ги прозорците. Потоа исполирајте ги со сува крпа. Прозорците ќе светат од чистота – без никакви траги или дамки!
- Ламинат и паркет
Разредете мала количина омекнувач во кофа со вода. Намокрете го џогерот за чистење и избришете ги подовите. Ламинатот ќе изгледа како да е поставен вчера.
- Кожна јакна
Ако сте ја извалкале кожената јакна, немојте веднаш да брзате по сапун за чистење. Омекнувачот го надминува и овој проблем.

- Автомобилски седишта
Ако се појави дамка на седиштето на автомобилот, можете да ја отстраните со омекнувач. Измешајте го седиштето со вода во еднакви количини и добро истријте го валканото место.
- Заглавен патент
Ако металниот или пластичниот лизгач на патентот е заглавен или тешко се влече, навлажнете го со мала количина омекнувач.
- ПВЦ врати и плочки
Ќе блеснат како и претходно, ако ги исчистите со мешавина од вода и омекнувач, во сооднос 4:1.
- Мирисна облека после пеглање
Омекнувачот добро ќе ви послужи како компонента во спрејот за пеглање.