За совршен изглед за деловни пригоди: Ова е најдобриот и најсоодветен начин на шминкање

14 декември, 20210
Screenshot 2021-12-14 195524

Треба да внимавате на шминката, бидејќи таа игра голема улога во целокупниот изглед и мислењето што другите го создаваат за вас.

Важен е квалитетот

Кога зборуваме за шминка за во канцеларија, важно е да е квалитетна, бидејќи вашето лице мора да изгледа свежо цел ден.

Доколку сакате да го изедначите тенот, експертите ве советуваат да започнете со добра подлога која создава впечаток на мазно, негувано и одморено лице.

Нанесете тенок слој подлога на исчистено и подготвено лице за да постигнете најдобар можен изглед. Нанесете коректор на пределот под очите, флеките и, можеби, мозолчињата.

Важно е да не се гледаат траги

За да го спречите „отстранувањето“ на шминката, нанесете тенок слој пудра во прав врз основата.

Така ќе го отстраните вишокот маснотии од вашето лице и ќе го постигнете посакуваниот изглед. Лицето секогаш можете да го освежите со руменило. Изберете природни бои, праска или нежно розова.

Темен тен

Доколку имате потемен тен, руменилото може да биде теракота или кафенкаста нијанса. Она што експертите предупредуваат е да се избегнуваат црвените и светло розовите бои, бидејќи ваквите руменила создаваат вештачки изглед во работната средина.

Истакнете ги очите

Кога нанесувате шминка за очи, користете топли нијанси на сенки, велат експертите. Светло розова, кафена, златна или праска боја се добар избор за речиси сите типови на кожа и тен, а одлично се вклопуваат со сите бои на облека.

Боите кои треба да ги избегнувате или внимателно да ги користите се сината и зелената и сите други силни бои.

Ако не ставате многу сенки, можете да ги дефинирате очите со креон, кој треба да го повлечете по работ на горниот очен капак.

На крајот нанесете црна маскара на горните и долните трепки. Што се однесува до усните, најдобро е да користите сјај за усни, во нежно розова или праска боја, за време на работното време. Целта е да се постигне природен, свеж и ненаметлив изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi