Украсувањето на елката според фенг шуи буди позитивна енергија во вашиот дом.
Според кинескиот хороскоп, заштитник на 2022 година е Водниот тигар. На почетокот на новата година треба да му го привлечеме вниманието заради благосостојба и среќа, а тоа можеме да го направиме со избирање украси за украсување на елката според фенг шуи!
Бојата на украсите е важна
Подготовките за новогодишните празници во голема мера започнаа. Експертите за фенг шуи предлагаат да научите како да го декорирате вашиот дом за да привлечете среќа, благосостојба и внимание на новиот покровител, Водениот тигар. Според кинескиот хороскоп тој ќе владее во текот на 2022 година.
При украсувањето на елката треба да изберете украси во природни бои – тоа се тиркизна, сина, кафена, песочна боја, црна. Затоа треба да се избегнуваат светли и сјајни бои, за кои се верува дека можат да го исплашат Тигарот и на тој начин да ја избркаат среќата и богатството. Тоа се црвени, виолетови и сите флуоресцентни нијанси.
Природна елка
За привлекувањето на среќата нема да помогне само бојата на украсите, туку и стилот на декорирање на домот. Во текот на 2022 година, сè ќе биде во еколошки манир, затоа исфрлете се што е вештачко и наместо тоа искористете го она што доаѓа од природата – ткаенини од памук, волна и лен, домашни растенија, керамички и глинени предмети, дрво…
Внесете ја природата во домот – украсете со мирисни четинарски гранки, шишарки и бобинки. Нека се биде во хармонија.