Како правилно да ги перете ЏЕМПЕРИТЕ и да го продолжите нивниот рок на траење?

1 декември, 20210
b9a95d3aa8c9511d2cd5c72ae64534e74c8b2cda

Џемперот кој не е испран на соодветна температура може да ја изгуби својата првобитна форма и мекост.

Сезоната на џемпери и потопла облека е веќе отворена, но треба да се погрижите за нивното одржување за добро да ве послужат и оваа зима.

Ако перете облека од волна, а не сте купиле специјален детергент, користете шампон за бебиња. Со него нема многу да се збрчка, а и да не ја измиете добро, ќе мириса убаво и ќе биде мека.

Едно од најважните правила е да се мијат волнените работи во ладна вода.

Ладната вода не само што ќе помогне за зачувување на бојата, туку и ќе ја зачува формата, што не би било случај доколку го измиете џемперот во топла вода, под која овој материјал многу омекнува и се растегнува.

Облека од кашмир

Парчињата од кашмир, кои обично се скапи, треба внимателно да се одржуваат за да ја задржат воздушестата мекост. Нема потреба да го носите кашмирот на хемиско чистење. Измијте ги овие џемпери на програма за волна на најниска температура или рачно во благ раствор во млака вода.

Како се сушат џемперите?

Пожелно е да се сушат распослани на рамна површина. На пример, раширете го џемперот преку чиста, сува крпа или пешкир. Пешкирот ќе ја апсорбира влагата, а меката површина нема да ја скрши ткаенината како жицата за алишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi