ЗОШТО НЕКОГАШ НЕ ИГРА ОЧНИОТ КАПАК? Еве што вели НАУКАТА, а што вели НАРОДНОТО ВЕРУВАЊЕ

popara16 ноември, 20211min00
732133_profimedia0138497976_ls

Сепак, покрај стресот, причина може да биде и лошиот начин на живот, големи количини на внес на кофеин, пушење и замор

Во медицината оваа појава се нарекува блефароспазам, а народот вели „окото ми игра“. Сепак, дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова?

Постојат неколку причини, а ова се само некои од нив:

Една од главните причини зошто очниот капак „игра“ е стресот. Меѓутоа, покрај стресот, причина може да биде и лошиот начин на живот, големи количини на внес на кофеин, пушење и замор.

Затоа, треба да обрнете внимание на оваа појава, а потоа и на тоа колку стрес доживувате во текот на денот. Ако често ви игра окото, тогаш можеби е време да побарате помош од стручно лице, а најдобро е да посетите офталмолог.

А што вели народното верување?

Народите на Балканот имаат различни верувања во врска со оваа појава.

Некои веруваат дека ако десното око ви „игра“, тоа е знак дека желбата ќе ви се исполни, а истата појава на левото око е лош знак.

Во некои делови постои верување дека ако женското лево око „заигра“, таа повторно ќе го види саканиот по долго патување.

Меѓутоа, во другите делови се верува дека „играњето“ на горниот дел од десното око значи дека ќе има радости во семејството, а долниот дел, запознавање нови луѓе.

Горниот капак на левото око претставува раѓање на машко дете, а долниот капак лоша вест!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma