Има ли нешто поубаво од украсени градови во овој период од годината? Пазари со слатки и ракотворби, новогодишни елки на секое ќоше, украсени продавници, божиќни песни кои одекнуваат на плоштадите …
Иако речиси секој град изгледа магично кога е украсен со новогодишни светилки, а особено кога е покриен со првиот снег, некои европски градови се издвојуваат. Па, ајде да погледнеме дел од градовите се истакнаа оваа година и во кои би сакале да патуваме.