Како од бајка: Француско винско село кое не се променило од 16-тиот век

popara29 декември, 20211min00
62211091 (1)

Мало гратче со површина од само 17 квадратни километри и дури илјада жители ги освои срцата на француските туристи, но и на жирито кое го вклучи во листата на најубавите села во Франција. Добредојдовте во Riquewihr, средновековна идила на истокот на земјата.

Се наоѓа покрај границата со Германија, на т.н Route des Vins или Винскиот пат во близина на Колмар. Она што најчесто се споменува кога се зборува за Рикевир е дека неговиот изглед не е променет од 16 век.

Тогаш управувале војводите од Виртемберг, а Рикевир служел како винско село и место за продавање вино од историскиот регион Алзас. И денес е познат по Ризлинг, кој љубителите на вино го сметаат за кралска бела сорта.

Имал многу среќа што избегнал бомбардирање во Втората светска војна, па сè уште можете да ги видите неговите средновековни ѕидови, замок и музеј со соби за мачење.

Можеби е мал, но погледнете ја галеријата и ќе ви стане јасно зошто вреди да се посети. Бутици, продавници, винарии, ресторани, неверојатна архитектура и стари куќи, Божиќен саем… Има многу содржини за туристите – и стотици илјади од нив не можат да грешат, нели?

Во негова близина има многу замоци кои можете да ги посетите за само неколку часа, а самиот Рикевир е оддалечен 15 километри од Колмар, кој можеби го паметите под прекарот „Мала Венеција од Франција“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma