КИНО, ФИТНЕС КОМПЛЕКС, БАЗЕН И СЕДУМ СПАЛНИ СОБИ: Ѕирнете во луксузната вила во која живеат Џорџина и Кристијано Роналдо

6 декември, 20210
Untitled-design-10-4

Најбогатиот спортист на денешницата, Кристијано Роналдо, вложи многу пари во неколку имоти, а се издвојува една од мултимилионските вили во која фудбалерот ужива со Џорџина Родригез.

Еден од најдобрите фудбалери во светот и најпопуларна личност на Инстаграм, следен од преку 300 милиони луѓе, Кристијано Роналдо, се обидува да и ја исполни секоја желба на својата избраничка Џорџина Родригез.

Славниот пар моментално чека близнаци, а Џорџина пред три години роди ќерката. Иако избраничката на Кристијано често беше напаѓана во јавноста, таа успеа да ги победи негативците и да задржи еден од најголемите заводници.

Многумина ја нарекуваа спонзоруша, себична, па дури и напишаа дека мајката на Роналдо била против тоа фудбалерот да се ожени со неа. Џорџина, покрај тоа, често добивала навреди на сметка на својот изглед, а најмногу се осврнувале на тоа дека е „предебела за модните комбинации што ги носи“.

Screenshot 2021-12-06 145711
Screenshot 2021-12-06 145726
Screenshot 2021-12-06 145742
Screenshot 2021-12-06 145756
Screenshot 2021-12-06 145812
Screenshot 2021-12-06 145836
Screenshot 2021-12-06 145852
Screenshot 2021-12-06 145906

Сепак, нивната љубов преживеа и покрај сите сомнежи, Кристијано и Џорџина уживаат во луксузот што фудбалерот го заработи благодарение на неговиот успех во фудбалот.

Кристијано неодамна ја изненади Џорџина со скап подарок со кој инфлуенсерката веднаш се пофали на Инстаграм. Станува збор за „’Louis Vuitton Malle Vendome шкафче за накит“, односно кутија за накит, висока над еден метар, а содржи и огледало и осум фиоки кои ќе станат дом на огромна колекција луксузни додатоци од убавата Џорџина, чија вредност е приближно три милиони евра.

Јасно е и дека овој богат пар е многу пребирлив каде и во каква средина ќе живее, а доказ за тоа е луксузната вила во која престојуваат додека Роналдо игра за Манчестер Јунајтед.

Вилата содржи седум спални соби, кино, базен, high-tech фитнес комплекс, винарска визба, сауна. Главната спална соба има сопствено купатило, гардероба и сопствен балкон.

На поткровјето има посебен стан со спална, бања, дневна и работна соба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi