Конзумирањето алкохол директно влијае на УБАВИНАТА НА ЛИЦЕТО! Еве како да го конзумирате

popara29 ноември, 20211min00
9ece9574cfd00f2b71610975c4582f8d728c2841

Храната и пијалокот што ги консумираме директно влијаат на нашиот изглед и на нашето лице.

Најлошиот пијалок за кожата е алкохолот бидејќи токму алкохолот предизвикува побрзо стареење. Има огромно влијание на црниот дроб, поради што кожата може да изгледа постара. Нутриционистката Ејми Годсон за еден британски онлајн портал за здрава исхрана објасни какви негативни ефекти може да има алкохолот.

– Кожата станува тенка и сува со возраста, а одредени надворешни фактори можат да го забрзаат овој процес. Алкохолот може да доведе до дехидратација, па дополнително може да ја остари кожата доколку алкохолните пијалоци се конзумираат во големи количини – вели нутриционистката.

Прекумерното конзумирање алкохол на дневна основа може да остави дополнителни негативни ефекти врз кожата со нарушување на вашиот ритам на спиење. Студијата објавена во списанието Nature покажа дека луѓето кои често консумираат големи количини алкохол имаат повеќе проблеми со спиењето.

Друга студија објавена во списанието Case Medical Center заклучи дека проблемите со спиењето доведуваат до побрзо стареење. Имено, не е проблем ако понекогаш испиете умерена количина алкохол, но не претерувајте и внимавајте колку алкохол пиете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma