ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНА: Кира Најтли се бори со вирусот, а нејзиниот сопруг мисли дека нема симптоми поради оваа чудна навика!

29 ноември, 20210
2811867_kira-najtli-3_ls

Познатата актерка Кира Најтли (36) води битка со корона вирусот, а единствениот кој нема никакви симптоми е нејзиниот сопруг.

Според „Телеграф“, актерката е во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори против короната заедно со ќерките, 6-годишната Еди и 2-годишната Далила, кои исто така се позитивни.

Таа преку апликацијата „Зум“ откри како се чувствува.

Kira Najtli

– Ќе ви пречи ли ако не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам прилично лошо – му рекла актерката на новинарот и открила дека нејзиниот сопруг Џејмс Рајт се фали дека нема никакви симптоми.

– Тој е многу задоволен поради тоа – убеден е дека тоа е затоа што е еден од оние кои се капат во ладна вода, а јас не го правам тоа – рекла актерката.

Таа откри и дека е вакцинирана со две дози, но и дека нејзините ќерки се чувствуваат подобро.

По закрепнувањето, Кира се враќа на глумата во новиот филм „Тивка ноќ“, нејзиниот прв голем проект од 2020 година, кога се откажа од серијата „The Essex Serpent“.

Kira Najtli

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *