Контрастот на бои е апсолутен моден хит оваа зима: 4 комбинации кои ќе ги измамат погледите на минувачите

18 декември, 20210
shutterstock1930093148-830x0

Развеселете ги мрачните, зимски денови со весели бои искомбинирани на необичен начин

Понекогаш модните комбинации кои ни изгледаат некомпатибилни кога се боите во прашање се всушност совршени.

Како што тврдат познавачите на модните прилики, апсолутен тренд оваа зима ќе биде комбинацијата на силни бои како зелена и портокалова, розова и виолетова…

Доколку сте доволно храбри да ги вклучите овие комбинации во вашата гардероба, гарантирано е дека ќе бидете забележани кога ќе шетате од дома до работа или во попладневно излегување.

  1. Капут што ја разбива монотонијата

Палто во комбинација на светло сина и црвена боја со светло-црвени салонки ќе го „скрши“ монотониот изглед на деловниот стил и ќе и даде на вашата гардероба нота на креативност.

  1. Розова и виолетова

Виолетовите панталони со розова ролка можат да изгледаат како совршена комбинација, доколку ги комплетирате со чанта во малку посветли тонови.

  1. Шарено, те сакам шарено…

Кашмирно палто со комбинирани плетени ракави во весели бои е гаранција дека нема да останете незабележани на улица. Ако под него носите, на пример, светло жолт плетен фустан, ќе изгледа како да сте го донеле сонцето во мрачните, зимски денови.

  1. Смела комбинација на портокалова и зелена боја

Зелените панталони со длабок струк со салонки во иста боја во комбинација со портокалова ролка и сина мала чанта ќе ви дадат интересен и храбар изглед на кој многумина ќе позавидат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi