Досега три жени се изјаснија и го обвинија Нота за сексуална злоупотреба
Американскиот актер Крис Нот (67), кој се прослави со улогата на Биг во серијата „Сексот и градот“, ги негираше обвинувањата за силување и сексуална злоупотреба, од 2004 и 2015 година, кои против него ги упатија две жени, кои се претставуваат како Зои (40) и Лили (31) во четвртокот, во магазинот „Холивуд репортер“.
Првата изјавила дека Нот ја силувал во неговиот стан во Лос Анџелес, откако отишла да му ја врати книгата што тој и ја позајмил кога се сретнале на базенот од зградата, по што таа морала да оди во болница на шиење. Друга изјавила дека била на состанок со Нот во Њујорк, кога тој ја поканил во неговиот стан, каде што наводно ја нападнал. Сè се случи откако Нот во 2001 година почна да излегува со Тара Вилсон, со која се ожени во 2012 година и со која има два сина, а сега се огласи и трета жртва.
– Моите контакти со овие жени во 2004 и 2015 година беа консензуални – наведе Крис Нот во писмената изјава.
– Обвиненијата против мене од личности кои ги запознав пред неколку години, дури и пред неколку децении, дефинитивно се лажни. Тие приказни можеле да бидат пред 30 години, или пред 30 дена, не секогаш значи не, тоа е граница што не сум ја преминал.
Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека моментално не го истражува актерот за наводно силување и злоупотреба. Некои весници, исто така, ја поттикнаа приказната од 1995 година, кога поранешната манекенка Беверли Џонсон го обвини нејзиното поранешно момче Нот дека ја претепал, ѝ се заканувал со смрт и се колнел дека ќе го убие нејзиното куче. Таа потоа побара од судот да му забрани на актерот да и се приближува, но против Нот не е поднесена кривична пријава.