Легендарниот ЅВЕРКА од серијата „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ обвинет за силување

popara17 декември, 20211min00
Screenshot_1

Актерот Крис Нот, најпознат по улогата на „Ѕверка“ во серијата и филмовите „Сексот и градот“, е обвинет од две жени за сексуално вознемирување.

 

 

Според „Холивуд Репортер“, Зои (40) и Лили (31) тврдат дека биле сексуално нападнати од Нот, едната во 2004 година во Лос Анџелес, а другата во 2015 година во Њујорк.

 

Тие во исповед за овој медиум велат дека најавите за продолжување на серијата „Сексот и градот“ разбудиле болни спомени од овие настани.

 

И двете жени тврдат дека споменатите напади се случиле во една од куќите на Нот, откако актерот ги повикал да дојдат. Првиот напад наводно се случил во неговиот стан во Лос Анџелес, а вториот на неговиот имот во Њујорк.

 

Една од жените рекла дека Нот ја нападнал кога таа имала 22, а тој 49, пренесе „Дејли Мејл“.

 

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека се уште не е покрената истрага против Нот поради овие наводи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma